За Нас
Испитниот центар ,,АсСтрумекс'' ДОО – Струмица започна со работа од 27.08.2008 год. со Решение за издавање Лиценца за испитен центар бр. 13.1-50836/1 од Министерството за внатрешни работи, за организирање и спроведување на возачки испити за кандидати за возачи и проверка на знаењата на возачи-инструктори - на подрачјето на Секторот за внатрешни работи – Струмица, односно општините – Струмица, Босилово, Ново Село, Василево, Гевгелија, Стар Дојран, Богданци, Радовиш, Конче и Валандово.
Седиштето на испитниот центар е во Струмица на улица „Гоце Делчев“ бр.107.
Согласно со чл.61 од измените и дополнувањата на Правилникот за спроведување на возачки испит Сл.весник на РМ бр.150 од 2007 кандидатите со постојано место на живеење-престојувалиште, односно со привремено престојувалиште во последните шест месеци од подрачјето на СВР-Струмица, возачкиот испит може да го полагаат во седиштето на испитниот центар, односно во неговите подружници – Гевгелија ул. "7-ми Ноември" бр.58, Радовиш ул. "Маршал Тито" бр.1 и Валандово ул. "Првомајска" б.б.
Согласно со одредбите од ЗБСП – Сл.весник на РМ бр.103 од 03.05.2007 год. Испитниот центар во Струмица располага со три испитни комисии за испитување на кандидатите за возачи од сите категории и поткатегории и една комисија за проверка на знаењата на возачите инструктори.
Испитните комисии се формираат половина час пред термините во кои е закажан возачкиот испит со компетентни и законски искусни претседатели и испитувачи во комисии по предметните категории за кои се спроведува возачкиот испит.